свет

Оружен напад во САД, петмина мртви

„Безбедносните сили во Аурора, Илиноис, направија одлична работа. Најискрено сочувство до семејствата на настраданите. Америка е со вас“

Dildar Baykan  | 16.02.2019 - Обновена : 17.02.2019
Оружен напад во САД, петмина мртви АА/Архива

New York

ЊУЈОРК (АА) - Најмалку пет лица загинаа во оружен напад во зграда на компанија во градот Аурора, во сојузната американска држава Илиноис. Во нападот повредени се најмалку пет полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).

Шефицата на полицијата на Аурора, Кристен Зиман, на прес-конференција ги сподели најновите информации во врска со нападот. Таа соопшти дека во нападот животот го загубиле најмалку пет цивили, а пет полицајци биле повредени.

Зиман потврди дека нападот бил извршен од Гери Мартин (45), кој бил вработен во компанијата каде што и го извршил нападот.

Во врска со нападот се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, кој на Твитер напиша: „Безбедносните сили во Аурора, Илиноис, направија одлична работа. Најискрено сочувство до семејствата на настраданите. Америка е со вас.“

Американските медиуми претходно објавија дека нападот бил извршен во зградата на компанијата „Хенри Прат“ во градот Аурора, 65 километри западно од Чикаго.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.