Haydar Hadi
16 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
БАГДАД (АА) - Ирачките сили воспоставија контрола врз аеродромот во Керкук, пренесува Anadolu Agency (AA).
Воената медиумска мрежа, која е дел од Министерството за одбрана на Ирак, објави писмено соопштение во кое се вели: „Силите на федералната полиција и специјалните тимови воспоставија контрола врз аеродромот во Керкук”.
Војската на Ирак и федералната полиција во раните утрински часови, напредувајќи од исток, воспоставија контрола врз воената база К1, нафтеното поле Баба Ѓурѓур, нафтената компанија Северен Керкук, и базата на 70. бригада на Патриотската унија на Курдистан (KYB).

- Ирачките сили презедоа контрола над воената база во Киркук -
Ирачките безбедносни сили презедоа контрола над воената база К1 во Киркук.
„Ирачките сили за борбата против тероризмот презедоа контрола во воената база во Киркук и извршија распоредување на воените задачи во базата“, соопштено е од Министерството за одбрана на Ирак.