култура и уметност

Село во Белгија секоја година организира турски тематски карневал

Селото, во коешто не живеат Турци, освен карневалoт има и локален фудбалски тим „Royal Football Club Turkania“, кој игра во пониските лиги, чие лого е означено со турската ѕвезда и полумесечина“

Ekipa  | 06.03.2019 - Обновена : 07.03.2019
Село во Белгија секоја година организира турски тематски карневал

ЛИЕЖ (АА) - Фајмонвил, познатото белгиско „турско село“ во кое не живеат турски жители, го одржа својот годишен карневал, кој е значаен по турските знамиња и мотиви, пишува Anadolu Agency (AA).

„Карневалот се одржува уште од 1961 година, стара традиција на селото Фајмонвил, во белгискиот валонски регион во близина на германската граница“, изјави за АА Георг Норберт, шефот на Карневалскиот одбор.

„На карневалот оваа година учествуваа околу 1.000 лица“, изјави Норберт.

„Оваа година, нашето село го посетија и Турци кои живеат во Белгија и во германскиот град Келн, и зедоа учество на карневалот“.

„Освен карневалoт, Фајмонвил има и локален фудбалски тим „Royal Football Club Turkania“, кој игра во пониските лиги, чие лого е означено со турската ѕвезда и полумесечина“, вели Норберт.

Покрај тоа, селото Фајмонвил е карактеристично и по други турски мотиви.

На влезовите на зградата на Oпштината и хотелот „Le Vieux Sultan“ или „Стар султан“, кој во 2012 година беше сериозно оштетен од пожар, се наоѓа турската ѕвезда и полумесечина.

Исто така, за време на одредени специјални пригоди пред зградата на Општината се веат и турското и белгиското знаме.

Според статијата напишана од страна на Јилмаз Ирмак и Ертуѓул Тас во списанието „Milli Folklor“ (Национален фолклор), означувањето на Фајмонвил како турско село се базира на три регионални легенди.

Според првата легенда, селаните на Фајмонвил биле на страна на Турците против христијаните во битката кај Амблеве во 716 година, и затоа биле наречени „Турци“ и биле изолирани од околните села. Оваа војна се нарекува „Turkenschlacht“ што значи „турска војна“.

Според втората легенда, Кнежевството Ставелот-Малмеди често собирало даноци од жителите во регионот за да ги задоволи потребите во војната против муслиманите. Селаните на Фајмонвил, кое било под ингеренции на тогашниот војвода од Луксембург, одбивале да платат данок на црквата на Ставелот-Малмеди и да испратат војници во Крстоносните војни против муслиманите. Како резултат на тоа, луѓето од Фајмонвил биле обвинети за соработка со непријателите на христијанството и наречени „Турци“.

Според третата легенда, свештеникот на црквата во Фајмонвил се качил во црковната кула пред да се постави камбаната на црквата и ги повикал луѓето на богослужение со имитирање на муслиманската молитва.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın