Salih Baran
03 Март 2019•Ажурирај: 05 Март 2019
ЈАМБОЛ (АА) - Неколку илјади учесници на традиционалниот фестивал „Кукерландија“ во бугарскиот град Јамбол со маски и забава ги истеруваа злите сили, но и зимата, а им посакаа добредојде на добрината и пролетта, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за фестивал кој во бугарскиот град на брегот на реката Тунџа се одржува веќе со векови и претставува важна ставка во календарот на туристичката понуда на регионот Тракија. Како таков привлекува туристи од голем број земји.

Од централниот градски парк, учесниците облечени во шарени костими и маски тргнаа во поворка низ градот за да го прослават заминувањето на зимата и со ѕвонење ѝ посакаа добредојде на пролетта и враќањето на животот во природата.

Фестивалот и оваа година собра голем број учесници и од соседните земји Турција, Македонија, Романија и Грција.
Слични фестивали овие денови се одржуваат и во други земји, но секој на специфичен начин ја оживува повеќевековната традиција и обичаите на подрачјата.