култура и уметност

Во Скопје се одржа Балканска вечер на поезијата

На манифестацијата присуствуваа бројни љубители на поезијата, во рамките на која поети од различни етнички заедници читаа поезија на различни јазици, меѓу кои на македонски, албански, турски, босански, српски, хрватски, бугарски и влашки јазик.

Admir Fazlagic  | 02.03.2019 - Обновена : 03.03.2019
Во Скопје се одржа Балканска вечер на поезијата (Foto: Admir Fazlagic/ AA)

СКОПЈЕ (АА) - Во Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ - Скопје се одржа литературната манифестација „Значењето на мајчиниот јазик кај помалубројните етнички заедници" - Балканска вечер на поезијата, во организација на Младинска културна асоцијација на Бошњаците „Шадрван“, јавува Anadolu Agency (AA).

На манифестацијата присуствуваа бројни љубители на поезијата, во рамките на која поети од различни етнички заедници читаа поезија на различни јазици, меѓу кои на македонски, албански, турски, босански, срспски, хрватски, бугарски и влашки јазик.

Прогласувајќи ја манифестацијата за отворена, директор на Управата за афирмација и унапредување на културата на припадниците на заедниците, директор на Управата за афирмација и унапредување на културата на припадниците на заедниците,Менфи Илјаз го цитираше Нелсон Мандела кој вели: „Ако му зборуваш на човек на јазик што го разбира тоа му оди во главата, ако му зборуваш на неговиот јазик тоа му оди во срцето."

„Негувањето на мајчиниот јазик значи постоење на еден народ кој може слободно да ги изразува своите мисли. Со овој дар од Бога, се љуби и се мрази, со него се радуваме и тагуваме. Можеме да мечтаеме, ама и да страдаме, а со писмото сето ова го запишуваме и ставаме печат на нашето постоење", рече Илјаз, додавајќи дека младите генерации треба да се запознаваат, како и дека јазикот е најголемо кулутурно наследство и дека треба да се развива свеста кај младите генерации за негово зачувување.

Свое обраќање кон присутните имаше и Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.

„Јазиците се нашето богаство. Преку познавањето и преку негувањето на мајчиниот јазик ние всушност се поврзуваме со светот, покажуваме кои сме од една страна, а од друга страна, нашиот мајчин јазик е врската со другите луѓе затоа што секој зборувајќи на својот мајчин јазик, колку поблизок или подалечен, сепак е разбирлив на овие балкански простори, ние можеме да видиме дека колку што сме различни толку сме и слични", рече Јованова-Грујовска.

На крајот од програмата, Алмира Папиќ од Младинска културна асоцијација на Бошњаците „Шадрван“ на поетите кои учествуваа во поетската вечер им додели благодарници.

Инаку, вечерашната манифестацијата финансиски е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.