Stipe Mayiç
23 Јули 2016•Ажурирај: 24 Јули 2016
ЗАГРЕБ (AA) - Во текот на четирите дена на одрќувањето на 50. Меѓународен фолклорен фестивал (МСФ) во Загреб можат да се видат музичко-сценски настапи на бројни фолклорни културно-уметнички друштва од Хрватска и хрватската дијаспора од десет земји од светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа година МСФ ја одбележува својата 50 годишнина и по својата традиција спаѓа меѓу најстарите фестивали во Загреб, поради што е прогласен и за хрватски национален фестивал.
Посетителите имаат прилика секој ден од 20 до 24 јули на главната сцена која се наоѓа на Плоштадот на бан Јелачиќ од 10 и од 20 часот бесплатно да ги гледаат фолклорните настапи на аатаблирани фолклорни ансанбли.
Освен на главниот градски плоштад, програмата се одржува и на летната сцена Градец и во црвката св. Катерина, во Горноградската гимназија како и во Загребскиот денс центар, а изложбата „Фолклорни фестивали и симбол на идентитет", во Етнографски музеј.
Свечената приредба по повод 50. јубилеј се одржува во Концертата сала Лисински во сабота на 21 јули 2016 година со почеток од 20 часот.
На настапите можат да се видат носии и фолклорна традиција од хрватскиот регион, од хрватската дијаспора и десет земји од светот кои секојдневно ги следат десет земји од светот меѓу кои значителен дел од публиката ја сочинуваат туристи, голем дел од нив од азиските земји.
Оваа година на загребската публика и се претставуваат: Македонија, Бугарија, Египет, Франција, Италија, Словачка, Шпанија, Индонезија и Канада.