Ekipa
28 Февруари 2019•Ажурирај: 28 Февруари 2019
ГАЗА (АА) - Фотографијата која ја забележа фоторепортерот на Anadolu Agency (AA), Мустафа Хасона, а на која се гледа млад Палестинец кој за време на протестите во едната рака држи палестинско знаме, а во другата прачка, избрана е за најдобра фотографија на Меѓународниот избор на најдобри фотографии на Малта.
Фотографијата е користена од страна на голем број светски медиуми, а стана и симбол на палестинскиот отпор.
Многумина фотографијата ја споредија со делото на францускиот сликар Ежен Делакроа, „Слободата го води народот“, кое датира од далечната 1830 година.
Фотографијата во категоријата „Човек“ на Меѓународниот избор за најдобри фотографии на Малта е избрана за најдобра фотографија.
Фоторепортерот Хасона во октомври минатата година забележа фотографија за време на палестинските протести против незаконската израелска блокада на Газа, а на социјалните мрежи оваа фотографија се најде со познатата слика на францускиот сликар Ежен Делакроа „Слободата го води народот“, која ја симболизира Француската револуција.
Деталот кој се истакнува како важна сличност помеѓу фотографијата и сликата се палестинското знаме и прачката во рацете на младиот Палестинец, и знамето на Франција и пушката со извлечен бајонет во рацете на Французинката на сликата „Слободата го води народот“.
Членките и текстовите за фотографијата на Мустафа Хасона ги објавија на голем број светски медиуми, првенствено на „Ал Џезира инглиш“ („Al Jazeera English“) и на британската телевизија „Би-би-си“ (BBC).