Ali Cura
29 Мај 2020•Ажурирај: 29 Мај 2020
МОСКВА
Во Русија досега се детектирани 387.623 лица позитивни на новиот тип коронавирус (Ковид-19), додека бројката на починати од вирусот се искачи на 4.374, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за контрола и превенција на инфекции од коронавирусот соопшти дека во последните 24 часа во Русија се детектирани 8.572 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на вирусот изнесува 387.623.
Во овој период во Русија се регистрираат најголем број смртни случаи на дневно ниво од почетокот на пандемијата на новиот тип коронавирус досега. Со регистрирани 232 смртни случаи во последните 24 часа, вкупниот број на починати од заразеност со Ковид-19 во Русија достигна 4.374, а бројот на оздравени лица во последното деноноќие е зголемен за 8.264 лица и изнесува 159.257.
Процентот на дневно зголемување на лица позитивни на тестот на коронавирусот во Русија изнесува 2,3%, при што 39,4% од новодетектираните случаи немале симптоми на заразеност.
Главниот град Москва е центар на заразата во земјата и во последните 24 часа детектирани се 2.332 новозаразени, со што вкупната бројка достигна 175.829 лица, додека во последните 24 часа регистрирани се 76 смртни случаи, со што вкупниот број на починати во главниот град е зголемен на 2.330.
Во соопштението на Центарот се вели дека 74.725 лица од главниот град оздравеле.
- Над 10 милиони тестови
Службата за заштита на човековото здравје и права на потрошувачите информира дека во последните 24 часа се направени 299 илјади тестови, додавајќи дека досега се извршени над 10 милиони тестови на Ковид-19.
Службата во исто време објави дека 305.000 лица се наоѓаат под надзор.