свет, Коронавирус

Бројот на заразени со Ковид-19 во светот зголемен на 5,91 милион

- Со пандемијата најтешко се погодени САД во кои со Ковид-19 се заразени 1.768.461 лице, а починаа 103.330 заразени

Muhammet Nazım Taşcı, Mehmet Şah Yılmaz  | 29.05.2020 - Обновена : 30.05.2020
Бројот на заразени со Ковид-19 во светот зголемен на 5,91 милион

АНКАРА

Бројот на лицата кај кои е детектиран Ковид-19 во светот е зголемен на 5.910.720, јавува Агенција Анадолија (АА).

Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗ0) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.

Интернет-страницата „Worldometer“ ја објавува епидемиолошката слика на светот од почетокот на пандемијата Ковид-19, а според последните податоци, од последиците на заразувањето починаа 362.124 заразени лица.

Низ светот од Ковид-19 се излекуваа 2.583.672 заразени лица.

Моментално во светот 2.964.924 лица се активно заразени, вклучувајќи 53.973 тешко заболени.

Со пандемијата најтешко се погодени САД во кои со Ковид-19 се заразени 1.768.461 лице, а починаа 103.330 заразени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın