свет

Авганистан: Талибанските милитанти извршија нов напад, убиени 14 војници

- Министерството за одбрана на Авганистан соопшти дека талибанците извршиле оружен напад врз станицата на пограничните сили во областа Пактиа

Sayed Khodaiberdi Sadat  | 29.05.2020 - Обновена : 29.05.2020
Авганистан: Талибанските милитанти извршија нов напад, убиени 14 војници

КАБУЛ

Најмалку 14 војници се убиени во напад кој талибанските милитанти го извршија на крајниот источен дел на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за одбрана на Авганистан соопшти дека талибанците извршиле оружен напад врз станицата на пограничните сили во областа Пактиа.

Во соопштението се наведува дека во нападот животот го загубиле 14, а дека се ранети тројца војници.

Талибанското движење не го коментираше случајот.

Авганистан е повторно средиште на насилства откако по Рамазан бајрам на сила беше тридневното примирје.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın