Muhammed Emin Canik,Sinan Doğan
14 Ноември 2020•Ажурирај: 15 Ноември 2020
БУЕНОС АИРЕС
Продолжува тенденцијата за зголемување на бројката на новозаразени и на смртни случаи од Ковид-19 во земјите на Латинска Америка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 456 лица во Бразил, 568 во Мексико, 264 во Аргентина, 178 во Колумбија, 39 во Чиле, 39 во Перу и на 31 лице во Еквадор.
Според информациите што ги објави Националниот совет на здравствени секретари на бразилските држави, во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 456 заразени во Бразил, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во оваа земја на 164.737, а детектирани се 29.070 новозаразени, односно вкупно 5.810.652 од почетокот на пандемијата во оваа земја.
Бројката на оздравени лица во Бразил изнесува 5.267.567.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 568 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 5.658 новозаразени.
Досега во оваа земја се регистрирани 97.624 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 997.393. Во оваа земја досега оздравеа 741.340 лица заразени со Ковид-19.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 11. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 264 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 35.045. Во истиот период детектирани се 11.859 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.296.378.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.110.477 лица заразени со коронавирусот.
Рестриктивните мерки што во Аргентина се воведени на 20 март, со текот на времето почнаа постепено да се олабавуваат, но поради повторното зголемување на бројката на заразени карантинот во одредени подрачја на 10 покраини е продолжен до 29 ноември.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 8. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 178 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 33.669.
Во последните 24 часа детектирани се 8.685 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 1.182.697. Во оваа земја досега оздравеа 1.089.340 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е деветта земја во светот според бројот на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 39 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 941 новозаразен.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 932.650, починаа 35.106 заразени, а бројката на оздравени лица се зголеми на 858.388.
Перу, со популација од околу 32 милиони жители, се наоѓа на 12. место во светот според бројката на заразени со коронавирусот и по бројот на смртни случаи како последица на вирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа од последиците на заразеност со коронавирусот животот го загубиле 39 лица, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата досега изнесува 14.738.
Бројката на новозаразени со Ковид-19 изнесува 1.592, вкупно 528.030 лица биле позитивни на коронавирусот, а бројката на оздравени од вирусот достигна 503.540.
- Еквадор
Според соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 31 смртен случај, вкупно 12.977 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.161 новозаразен, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 на 178.674. Досега во Еквадор оздравеа 154.956 лица што биле заразени со коронавирусот.