Bakir Tiro
14 Ноември 2020•Ажурирај: 15 Ноември 2020
ЗАГРЕБ
Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2.866 лица позитивни на новиот тип коронавирус, а вкупниот број на активни случаи во земјата се зголеми на 17.090, известува Агенција Анадолија (АА).
Од активните случаи, 1.655 пациенти се наоѓаат на лекарски третман во болница, од кои 184 пациенти се на респиратор. Штабот за Цивилна заштита на Хрватска информираше дека во последното деноноќие животот го загубиле 38 лица.
„Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на зараза, во Хрватска досега регистрирани се 81.844 лица позитивни на коронавирусот, од кои 1.006 ги загубија животите, а оздравеа 63.748, од кои 2.484 во последните 24 часа. Во самоизолација во моментов се 41.615 лица. Досега спроведени се 611.357 тестирања, од кои 9.614 во последните 24 часа“, се вели со соопштението на Цивилната заштита на Хрватска.