Davut Çolak
25 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
КОПЕНХАГЕН (АА) - Во Данска како последица на коронавирусот Ковид-19 починаа 403 лица, од кои 133 починаа во старечките домови во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Данскиот Институт „Серум“ објави извештај во кој се наведува дека за коронавирусот во 932 старечки домови тестирани се 3.414 корисници.
Во извештајот се истакнува дека 425 лица од 88 домови биле позитивни на вирусот, додека 133 лица починале по еден месец откако им е потврдена заразата.
Соопштено е дека лицата од старечките домови на кои им е дијагностициран Ковид-19 имале во просек 81 година.
Според последните податоци, во Данска од почетокот на пандемијата тестирани се 125.329 примероци, од кои 8.210 се позитивни на коронавирусот.
Досега како резултат на вирусот починаа 403 лица, додека 5.526 лица се излекувани.