Bayram Altuğ
25 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека нема докази за тоа дека луѓето што се излечиле од новиот вид коронавирус, Ковид-19, имаат антитела за заштита од втора инфекција со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на СЗО беше побарано земјите да се придржуваат до упатствата објавени од организацијата.
Се предупредуваат некои земји кои даваат „имунолошки пасош“ или „сертификат без ризик“ на лицата што се излекувале од Ковид-19. Се посочува дека таквата одлука може да го зголеми ризикот од ширење на епидемијата.
Во соопштението се потенцира дека нема докази за тоа дека луѓето што се лекуваат од Ковид-19 и имаат антитела се заштитени од втора инфекција со коронавирусот.
„Во оваа фаза на пандемијата, не постои доволен доказ за да се гарантира точноста за давање „имунолошки пасош“ или „сертификат без ризик“ на лицата што се излекувале од Ковид-19“, се истакнува од СЗО.
Јужноамериканската држава Чиле соопшти дека на лицата што се излекувале од Ковид-19 ќе им биде даден „имунолошки пасош“, кој ќе им овозможи да се вратат на нивните работни места.