свет, Коронавирус

Во Етиопија родено бебе негативно на Ковид-19 од мајка заразена со вирусот

„Бебето е родено со тежина од 3,1 килограм од 34-годишна мајка, а по извршените тестирања за Ковид-19 на земените примероци резултатите бea негативни“

Addis Getachew Tadesse  | 25.05.2020 - Обновена : 27.05.2020
Во Етиопија родено бебе негативно на Ковид-19 од мајка заразена со вирусот

АДИС АБЕБА (АА) - Бебе старо четири дена, родено од мајка заразена со коронавирусот во Етиопија, е негативно на тестовите за вирусот, соопштија денес надлежните, јавува Агенција Анадолија (АА).

Мајка која престојува во болницата „Котебе“, центарот за лекување на пациенти со Ковид-19 во главниот град Адис Абеба, роди здраво бебе во петокот.

„Бебето е родено со тежина од 3,1 килограм од 34-годишна мајка, а по извршените тестирања за Ковид-19 на земените примероци резултатите бea негативни“, соопшти Министерството за здравство на Етиопија.

„Иако има малку информации од истражувањата за тоа дали вирусот Ковид-19 се пренесува од мајката на фетусот, сознанијата досега покажаа дека шансите за пренесување се многу мали“, велат од Министерството.

Етиопија досега има регистрирано 582 пациенти со Ковид-19, пет смртни случаи и 182 оздравени пациенти.

Министерството ги советува бремените жени да ги следат сите правила за превенција, да извршуваат редовни прегледи, да имаат балансирана диета, доволен одмор и да се пораѓаат во медицинските центри.

Премиерот на Етиопија вчера ја посети болницата „Котебе“ и ѝ подари подароци на мајката.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.