Lina Altawell
27 Ноември 2026•Ажурирано: 27 Ноември 2026
Иран денес соопшти дека танкер за нафта експлодирал откако удрил во поморска мина во Ормускиот Теснец, додека друг танкер бил принуден да се врати назад, пренесува Анадолу.
Во соопштението, пренесено од иранската новинска агенција „Фарс“, морнарицата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) наведе дека два танкера за нафта се обиделе „тајно да поминат по неовластена маршрута северно од островот Гхавам утрово“.
Еден од танкерите експлодирал по судирот со поморска мина, додека другиот бил принуден да се врати назад, се вели во соопштението.
Морнарицата на ИРГЦ не објави чии се танкерите, ниту пак, даде детали за нивните екипажи, евентуални жртви или обемот на штетата.
САД и Израел започнаа војна против Иран на 28 февруари, што го натера Техеран да возврати со напади врз Израел и врз американските воени објекти во арапските земји.
Техеран и Вашингтон потпишаа Меморандум за разбирање во јуни, но неговото спроведување запре поради несогласувања околу слободата на пловидба низ Теснецот.
Техеран во повеќе наврати го поврзува повторното отворање на пловниот пат со своите барања за прекин на непријателствата од страна на САД и Израел, безбедносни гаранции против нови напади, како и укинување на американските санкции и ограничувања за иранските пристаништа.