Коронавирус

Грција влезе во 4. фаза од ублажувањето на мерките против Ковид-19

По речиси два месеца по воведувањето на строгите мерки против коронавирусот, Грција денес влезе во четвртата фаза на укинување на ограничувањата поради Ковид-19

Ekipa  | 25.05.2020 - Обновена : 26.05.2020
Грција влезе во 4. фаза од ублажувањето на мерките против Ковид-19

АТИНА (АА) - По речиси два месеца по воведувањето на строгите мерки против коронавирусот, Грција денес влезе во четвртата фаза на укинување на ограничувањата со продолжување на услугите на фериботите, како и со отворањето на кафулињата и рестораните, јавува Агенција Анадолија (АА).

Грчкиот премиер на почетокот на март соопшти воведување на целосна изолација во земјата со цел да се спречи ширењето на вирусот, со што Грција стана една од првите земји што воведе вакви мерки.

Траектите продолжуваат со пловидба кон сите грчки острови и континентални пристаништа со примена на строги мерки за почитување физичка дистанца, како и протоколи за здравствена безбедност, кои вклучуваат мерење на телесната температура и прашалник за здравјето.

Забраната сè уште важи за фериботските линии меѓу Грција и Италија, кои се очекува да продолжат на 1 јуни.

Денес се отвораат и објектите што работат со храна и пијалаци, со прописи луѓето внатре или надвор да седат до една отворена страна на објектот каде што има проток на воздух.

На сопствениците не им се дозволува да пуштаат повеќе од едно лице на метар квадратен, и исто така треба да има барем 0,70-1,70 метри простор помеѓу столчињата и масите во објектите.

Персоналот е должен да носи маски и да ги почитува сите санитарни мерки на претпазливост.

Според официјалните податоци, во Грција досега се регистрирани 2.878 случаи на коронавирусот, починаа 172 лица, а во земјата се спроведени речиси 154.000 тестирања за коронавирусот Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın