свет, Коронавирус

Холандија: Бројот на починати од Ковид-19 се зголеми на 5.830

Државниот институт за здравје и животна средина при Министерството за здравство на Холандија ги објави ажурираните податоци во врска со Ковид-19

Abdullah Aşıran  | 25.05.2020 - Обновена : 26.05.2020
Холандија: Бројот на починати од Ковид-19 се зголеми на 5.830

РОТЕРДАМ (АА) - Во Холандија во последните 24 часа починаа уште 8 лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 5.830, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Државниот институт за здравје и животна средина при Министерството за здравство на Холандија ги објави ажурираните податоци во врска со Ковид-19.

Во последните 24 часа уште осум пациенти заразени со Ковид-19 се пренесени во болница, со што бројката на пациенти што се лекуваат во болниците порасна на 11.680.

Исто така, бројот на откриени случаи со раст од 209 се искачи на 45.445.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.