Балкан, Коронавирус

Црногорскиот министер за здравство: „Црна Гора е првата европска земја која го искорени Ковид-19“

„Во деновите што следат, одговорното однесување и заедничката грижа за здравјето ќе бидат наш адут кон тоа да продолжиме да бидеме горди носители на титулата „држава слободна од корона“...“

Mustafa Talha Öztürk  | 25.05.2020 - Обновена : 26.05.2020
Црногорскиот министер за здравство: „Црна Гора е првата европска земја која го искорени Ковид-19“

БЕЛГРАД (АА) - Црна Гора стана првата европска земја што го искорени новиот вид коронавирус, Ковид-19, објави денес министерот за здравство на Црна Гора, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Во деновите што следат, одговорното однесување и заедничката грижа за здравјето ќе бидат наш адут кон тоа да продолжиме да бидеме горди носители на титулата „држава слободна од корона“, која покажа дека знае да се соочи и да се бори против опасниот непријател што ја зафати целата планета“, изјави Кенан Храповиќ за државната телевизија.

Тој истакна дека Министерството и здравствениот систем ќе се фокусираат на следење на развојот на ситуацијата и на подготовката да одговорат на индикаторите за Ковид-19.

Институтот за јавно здравје на Црна Гора вчера објави дека по поминати 68 дена откако е регистриран првиот случај на Ковид-19, во Црна Гора нема пациенти со коронавирус.

Институтот соопшти дека неговите лаборатории ја завршиле анализата на 140 примероци во текот на денот, меѓу кои немало нови случаи на вирусот.

„Дојде и тој ден, немаме повеќе случаи, и можеме да кажеме дека сме земја во којашто нема заразени со коронавирусот“, рече Бобан Мугоша, директорот на Институтот за јавно здравје.

Според надлежните, во Црна Гора од коронавирусот се заразиле 324 лица, а девет од нив починале.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın