свет, Коронавирус

Кина во Вухан спроведе над 6,5 милиони тестирања за Ковид-19

Тестовите се спроведени во периодот помеѓу 14 и 23 мај

Handan Kazancı  | 26.05.2020 - Обновена : 26.05.2020
Кина во Вухан спроведе над 6,5 милиони тестирања за Ковид-19

АНКАРА (АА) - Кинеските власти во градот Вухан, каде што за првпат се појави новиот вид коронавирус, во последните 10 дена тестирале за Ковид-19 повеќе од половина од населението на градот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Цитирајќи ги здравствените власти, државната новинска агенција „Синхуа“ објави дека биле спроведени над 6,5 милиони тестирања со цел да се увиди ситуацијата со присуството на Ковид-19 во градот, со население од околу 11 милиони.

Тестовите се спроведени во периодот помеѓу 14 и 23 мај.

Новиот вид коронавирус се рашири во речиси 200 земји и региони во светот. САД, Русија, Бразил и неколку европски земји се најтешко погодени од вирусот.

Пандемијата зеде речиси 345.000 животи во светот, регистрирани се над 5,46 милиони потврдени случаи, а од вирусот се излекуваа 2,19 милиони луѓе, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“ од САД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın