свет, Коронавирус

Во Данска донесена одлука за задолжително носење маски во јавниот превоз

Данската премиерка соопшти дека во рамките на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот донесена е одлука за задолжително носење на маски во јавниот превоз

Davut Çolak  | 15.08.2020 - Обновена : 17.08.2020
Во Данска донесена одлука за задолжително носење маски во јавниот превоз Фото: Davut Çolak/АА

КОПЕНХАГЕН (АА) - Данската премиерка Мете Фредериксен соопшти дека во рамките на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот донесена е одлука за задолжително носење на маски во јавниот превоз, јавува Агенција Анадолија (AA).

Таа на прес-конференција изјави дека носењето маски во јавниот превоз ќе биде задолжително од 22 август.

Фредериксен, освен за одлуката што ќе стапи на сила на 22 август, ги советуваше жителите и сега да започнат со носењето маски за да го спречат ширењето на вирусот.

Појасни дека оваа одлука е донесена врз основа на податоците за епидемиолошката состојба во земјата.

Маски ќе биде потребно да се носат при користење на автобус, воз, метро, такси, брод, траект и трамвај, додека одлуката нема да се однесува на бремените жени и децата под 12-годишна возраст.

Во Данска, која има околу 5,8 милиони жители, извршени се 1.357.855 тестирања за коронавирусот, кој е потврден кај 15.379 лица. Како последица на вирусот починаа 621 лице, додека 13.216 пациенти оздравеа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.