свет, Коронавирус

Снимките ја покажуваат штетата која ја предизвикува Ковид-19 на белите дробови

„Сакаме луѓето да бидат максимално внимателни. Тежок е патот назад кога вирусот ќе влезе во градите. Ризикот е уште поголем ако пациентот има некои други заболувања", рече Каралезли

Duygu Yener  | 15.08.2020 - Обновена : 16.08.2020
Снимките ја покажуваат штетата која ја предизвикува Ковид-19 на белите дробови

АНКАРА (АА) - ДУЈГУ ЈЕНЕР -

Коронавирусот највеќе ги оштетува белите дробови, а томографските снимки јасно покажуваат колку инфекцијата Ковид-19 го оштетува тој орган, јавува Агенција Анадолија (АА).

Некои од главните симптоми на заразувањето со коронавирусот се затајување на респираторниот тракт, отежнато дишење и воспаление на белите дробови, а за последиците кои белите дробови ги трпат од коронавирусот и брзината на развојот на болеста најдобро говорат томографските снимки на пациентите кои Агенција Анадолија (АА) ги доби од Градската болница во Анкара.

Докторката од Одделот за респираторни болести Аушеѓул Каралезли за АА ререче дека пандемијата на Ковид-19 и понатаму трае и глобално се чини дека е поинтензивна отколку во нејзините први месеци.

„Пациентите заразени со коронавирусот воглавно доаѓаат со проблемите со белите дробови. Тоа е загрижувачки бидејќи капацитетите на болниците се ограничени и мораме да размислуваме што доколку биде пречекорен тој капацитет. Луѓето мораат да бидат внимателни и одговорни. Потребно е сите добро да се штитат со маски, дистанца и хигиена. Некои уште не се свесни за важноста на самозаштитата, а ние постојано укажуваме на тоа", рече Каралезли.

Таа рече дека коронавирусот предизвикува сериозно отежување на дишењето и затајување на респираторниот тракт и додаде дека степенот на внез на оксиген кај здраво лице изнесува 98 отсто, а дека тој кај заразените со коронавирусот паѓа на 70 отсто, што е порадикален пад во однос на повеќето други болести на белите дробови.

Каралезли рече дека лекарите со различни апарати се обидуваат да го надокнадат кислородот на пациентите кои ќе дојдат во тој стадиум на инфекцијата и додаде дека има многу непознати работи кога станува збор за коронавирусот.

„Сакаме луѓето да бидат максимално внимателни. Тежок е патот назад кога вирусот ќе влезе во градите. Ризикот е уште поголем ако пациентот има некои други заболувања и ако станува збор за повозрасни лица. Лекарите се уморни, но продолжуваат со борбата", рече Каралезли.

Предупредувајќи дека коронавирусот ги оштетува виталните органи, Каралезли кажа дека тоа е најизразено кај белите дробови, а тоа го покажа и на томографските снимки на белите дробови на пациентите.

„Не знаеме како ќе се заврши оваа пандемија. Терапиите ги одредуваме по симптоми на пацинетите, како што е надополнување на недостатокот на кислородот. Ова е сосема нова болест и само со внимателно следење ќе знаеме каде сето ова води и има ли враќање назад", предупреди Каралезли.

Истакнувајќи дека постојат воочливи разлики помеѓу белите дробови на здраво лице и на пациент заразен со Ковид-19, Каралезли направи такви снимки за да на луѓето појасно им укаже на последиците од инфекцијата Ковид-19.

Таа рече дека состојбата на пациентите бргу се влошува, бидејќи инфекцијата прогресивно ги оштетува белите дробови.

„Пациентите ги очекува тешка и критична борба. Најчесто не можат да лежат на грб. Тешко е кога пацинет не може да дојде до воздух. Со таков проблем ни доаѓаат асматичари, но им даваме терапија и одат дома, што не е случај со пациентите со инфекцијата Ковид-19 кои постојано го имаат тој проблем", рече Каралезли.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın