Şerife Çetin
18 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
БРИСЕЛ (АА) - Во Белгија во последните 24 часа се потврдени 279 случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 55.559, јавува Агенција Анадолија (AA).
Кризниот штаб на Белгија соопшти дека во изминатите 24 часа хоспитализирани се 43 лица, додека 27 се отпуштени.
Бројот на пациенти на одделите за интензивна нега е намален на 342.
Како последица на коронавирусот Ковид-19 починаа уште 28 лица, односно вкупно 9.080.
Министерката за здравство и миграциска политика, Меги де Блок, понуди предлог за решавање на проблемот со недостигот на медицински техничари во земјата.
„Не е доволно да се аплаудира секоја вечер. Ни недостасуваат околу 5.000 медицински техничари. Поради тоа предлагам програма за обука“, рече Де Блок.
Воедно, учениците во одредени училишта се вратија во училишните клупи, каде што се преземени интензивни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
Со преземање на неопходните мерки, отворени се музеите и зоолошките градини, а билетите се купуваат преку интернет. И библиотеките започнаа со работа на сличен начин.