Addis Getachew Tadesse
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
АДИС АБЕБА (АА) - Бројот на заболени од вирусот Ковид-19 во Африка денес се искачи на речиси 85.000, откако во текот на изминатите 24 часа се дијагностицирани 3.279 нови пациенти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Африканскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека во текот на последните 24 часа починале уште 60 пациенти, со што бројот на смртни случаи на континентот достигна 2.764 од вкупно 84.586 случаи досега.
Се нагласува и дека билансот на оздравени од вирусот се зголемил за 1.399, на вкупно 32.477.
По региони Северна Африка има регистрирано 27.300 случаи, Западна Африка 24.200, Јужна Африка 16.800, Источна Африка 8.600 и Централна Африка 7.700 случаи на коронавирусот.
Во однос на бројот на починати, Северна Африка има 1.400 смртни случаи од Ковид-19, Западна Африка 509, Централна Африка 293, Јужна Африка 283 и Источна Африка 257.
Најголем број дијагностицирани случаи има Јужноафриканската Република - 15.500, по што следува Египет со 12.200 случаи. Но, во однос на бројот на смртни случаи, Египет предничи со 630 смртни случаи, додека во Јужноафриканската Република регистрирани се 264.
Јужноафриканската Република бележи пораст на случаите на Ковид-19, со дијагностицирани 1.160 случаи во изминатите 24 часа.
Регистрирани се над 4,71 милиони случаи во 188 земји и региони, откако вирусот за првпат се појави во Вухан, Кина, минатиот декември, при што најтешко погодени подрачја се САД и Европа.
Значителен дел од пациентите со Ковид-19, речиси 1,74 милиони, закрепнаа од вирусот. Вирусот однесе над 315.000 животи, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.