Mustafa Deveci
18 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Новиот министер за надворешни работи на Израел, Габи Ашкенази, истакна дека таканаречениот мировен план за Блискиот Исток, соопштен од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, е историска можност за обликување на иднината на Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на весникот „Хаарец“ („Haaretz“), Ашкенази во своето обраќање на првиот ден од стапувањето на министерската функција се осврна на таканаречениот мировен план на Трамп и односите на Израел со своите соседи.
Тој нагласи дека ќе се направат координативни чекори со Соединетите Американски Држави (САД) во врска со таканаречениот мировен план на Трамп, кој му даде зелено светло на Израел да ја анектира Јорданската Долина и илегалните еврејски населени места што се наоѓаат во окупираниот Западен Брег.
„Мировниот план за Блискиот Исток е историска можност за обликување на наредните децении на Израел“, рече Ашкенази во врска со таканаречениот мировен план на Трамп што ги елиминира условите кои Палестина ги предложи за дводржавно решение.
Ашкенази истакна дека постои развој во односите на Израел со Египет и Јордан, и додаде: „Нашите билатерални односи со Египет и Јордан се исклучително важни за нас. [Египет и Јордан] Се најважните сојузници за надминување на тешкотиите во регионот.“