Zeynep Beyza Kılıç
02 Септември 2022•Ажурирај: 05 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Цената на природниот гас на првиот ден од август по мегават/час се тргуваше за околу 200 евра. Со тоа цената на мегават/час на природниот гас во Европа за еден месец порасна за 26 отсто, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ниското количество природен гас што се пренесува од Русија во Европа и загриженоста дека „Северен тек 1“ во блиска иднина нема да се врати на нормалното ниво на проток беа клучни во зголемувањето на цената.
Компанијата „Гаспром“ соопшти дека на 27 јули го намалила својот дневен капацитет за испорака на природен гас во Европа преку гасоводот „Северен тек“ на 20 отсто.
Испораката преку гасоводот „Северен тек“, кој носи руски природен гас до Германија, беше стопирана заради одржување на 31 август - 2 септември.
Од друга страна, иако зафатеноста во складиштата за природен гас во земјите на Европската Унија надминува 80 отсто, доколку се прекине протокот од Русија, се предвидува дека гасот во складиштата нема да биде доволен за да ја задоволи потрошувачката во текот на зимските месеци.
- Анкара меѓу европските престолнини со најниски цени на гасот -
Според податоците за индексот на цените на енергијата за домување, подготвени од регулаторните агенции за енергетскиот пазар на Австрија и Унгарија и истражувачката фирма „ВаасаЕТТ“ од Финска, највисоката цена на природен гас за киловат/час во Европа во јули била во Амстердам, 0,28 евра.
Во рангирањето на цените на природниот гас во домовите, Стокхолм е на второ место со 0,23 евра за киловат/час, а по него е Копенхаген со 0,22 евра.
По Копенхаген следуваат Лондон со 0,18 евра и Виена со 0,18 евра и Берн со 0,17 евра.
Цената на природниот гас за киловат/час во јули изнесуваше 0,17 евра во Берлин, 0,13 евра во Брисел и 0,11 евра во Париз.
Анкара, пак, влезе во листата на главни градови кои најевтино трошат природен гас, со 0,03 евра за киловат/час.