Ali Cura
02 Септември 2022•Ажурирај: 03 Септември 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека е многу позитивно што делегацијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) почна да работи во нуклеарната централа во Запорожје, и покрај сите тешкотии и проблеми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Песков во изјавата за медиумите се осврна на истрагите што ги прави мисијата на МААЕ во нуклеарната централа во Запорожје.
Опишувајќи го доаѓањето на мисијата како позитивно, и покрај сите тешкотии, Песков рече дека е рано да се оценува работата на мисијата.
Нагласувајќи дека мисијата на МААЕ треба да ја процени состојбата на електраната и прашањата поврзани со нуклеарната безбедност, Песков додаде: „Генерално, сметаме дека е многу позитивно што комисијата дојде и почна да работи, и покрај сите тешкотии и проблеми, вклучително и оние поврзани со провокациите на украинската страна.“
Меѓу другото, Песков нагласи дека делегацијата продолжува да работи во електраната и дека е важно мисијата да биде таму.
Muhabir: Ali Cura