Hakan Ceyhan Aydoğan
04 Август 2016•Ажурирај: 05 Август 2016
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков соопшти дека на средбата меѓу претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Русија, Владимир Путин ќе стане збор за повторно заживување на односите меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот Песков, кој во Москва зборуваше пред претставниците на медиумите, даде информации за средбата меѓу претседателите на Турција и Русија, која е закажана за 9 август, во градот Санкт Петербург во Русија.
Портпаролот Песков соопшти: „На средбата сериозно ќе се разговара околу повторното заживување на односите меѓу двете земји, за начинот на кој тоа ќе биде сторено, со кое темпо и на кое ниво“.
На средбата се очекува да стане збор за економски теми, изјави Песков и додаде: „Покрај прашањето за Сирија, на состанокот ќе стане збор и за други регионални прашања“.