Hasan Tosun
04 Август 2016•Ажурирај: 05 Август 2016
ВИЕНА (АА) - Австриската филијала на меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“ испрати писмо до своите членови. Во писмото таа од нив бара пари за одбрана на правата на пучистите во Турција , јавува Anadolu Agency (AA).
Писмата што биле испратени до здруженијата и до членовите содржеле уплатници и соопштение со наслов „Човековите права во Турција се под закана“.
Соопштението кое беше споделено на социјалните мрежи содржи слики на војниците-извршители на државниот удар на 15 јули, како и порака дека во Турција човековите права се згазени и дека припадниците на терористичката организација ФЕТО се неправедно обвинети.
Во писмото се зборува против претседателот Реџеп Таип Ердоган и се бара помош за пучистите.
Во соопштението се вели дека во Турција војниците биле соблечени голи и нивните фотографии биле споделени со целиот свет. Исто така, во писмото се вели: „Во моментов, повеќе од секогаш имаме потреба од вашата материјална помош. Секое евро е многу битно. Со вашиот глас, моќ и донирање ќе станеме помоќни и ќе бараме од меѓународната заедница да ја осуди турската Влада поради повредување на човековите права. Особено за да прекине насилството на полицијата против приведените (пучисти). Ве молиме, заштитете ги луѓето и нивните права во Турција“.
Едно лице од австриската филијала на „Амнести интернешенел“, кое сака да остане анонимно, на прашање на дописникот на АА призна дека со цел да се собере помош за пучистите, на членовите и здруженијата им било испратено писмо коешто содржало уплатници.
Турците што живеат во Австрија, преку социјалните мрежи реагираа против меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“, која собира помош за пучистите.
Граѓаните истакнаа дека во Австрија, непријателскиот став кон Турците и кон Турција го достигнал својот врв.