Furkan Naci Top,Mehmet Hatipoğlu
11 Октомври 2016•Ажурирај: 12 Октомври 2016
АТИНА (AA) - Комисијата за политички азил денес го одби барањњто за политички азил на уште четворица од осумте пучисти кои по неуспешниот обид за воен удар од страна на терористичката организација ФЕТО, од Турција со хеликоптер пребегаа во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставничката на Комисијата за политичи азил Елени Петраки за АА рече дека Комисијата до сега гии одби барањата за политички азил на вкупно седум од осум пребегнати пучисти од Турција.
Претходно грчката Комисија го одби барањето за политички азил на уште тројца пучисти, а Петраки рече дека овие седум мучисти чии барања за азил се одбиени имаат право на жалбена постапка.
Комисијата во наредниот период ќе донесе одлука и за барање на еден преостанат пучист.
Осумте војници пребегнаа од Турција на 16 јули наутро, по неуспешниот обид за државен удар на терористичката организација ФЕТО, а во Грција стасаа со грабнат воен хеликоптер. Тие бараат азил врз основа на тврдењата „дека нивната безбедност ќе биде загрозена", доколку се вратат во Турција.
Грција од Турција кон средината на август доби службено барање за нивно испорачување, во кое се наведува дека осумте војници се теретат за обид за рушење на уставниот поредок, употреба на сила и обид за убиство на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.