Emre Gürkan Abay
11 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, соопшти дека консултациите за наоѓање политичко решение за сириската криза ќе продолжат на различни нивоа меѓу Турција, Русија и Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Песков се осврна и во врска со повикувањето на амбасадорот на Русија во Анкара, Алексеј ЈерховAleksey Yerhov, беше повикан во турското Министерство за надворешни работи поради нападите на сирискиот режим во зоните на деескалација во Идлиб, и нагласи дека консултациите се потребни за спроведување на договорот околу зоните на деескалација во Сирија.
„Исто така, потребни се консултации на различни нивоа, на експерти и високи претставници, во врска со Националниот конгрес за дијалог во Сирија кој се планира да се одржи во Сочи, и општо, за да се најде политичко решение во Сирија. Ваквите блиски консултации ќе продолжат“, рече тој.
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, на вчерашниот уреднички колегиум на АА пренесе дека сирискиот режим го прекршува примирјето во зоните без судири во Идлиб, и дека земјите-гаранти од страната на режимот, Русија и Иран, треба да го спречат тоа.
„Иран и Русија треба да ги исполнат своите обврски. Ако вие сте гарантите, би требало да го спречите режимот. Ова не е обичен воздушен напад. Режимот напредува во Идлиб. Намерата тука е различна“, нагласи Чавушоглу.