Hakan Ceyhan Aydoğan
10 Април 2017•Ажурирај: 11 Април 2017
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, нагласи дека Соединетите Американски Држави (САД), со бомбардирањето на воздухопловната база на режимот покажаа дека немаат волја за соработка околу Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Песков одговораше на прашањата на новинарите во главниот град на Русија, Москва, и го оцени бомбардирањето на воздухопловната база на сирискиот режим од страна на САД.
„На овој начин, САД покажа дека нема волја за соработка околу Сирија, и околу тоа да се земат предвид интересите и грижата за другите чинители“ вели Песков.
Песков потсети дека преговорите околу решавањето на политичката криза во Сирија продолжуваат во Женева и во Астана, и истакна: „Ова е еден сложен процес и трае подолго од посакуваното. Но, засега нема друга алтернатива“.
- Веста во медиумите: „црвена линија“ -
Песков вели дека не е запознаен со изворот на вестите во врска со Русија, Иран и сојузничките групи, кои вчера се емитувале во медиумите, во врска со тоа дека САД ја поминале црвената линија со тоа што извршиле напад врз Сирија и оти отсега ќе возвратат на сите напади, и додаде:
„Нема таква информација. Не можеме да ја потврдиме. Не знам од каде потекнуваат анонимните извори на веста“.