Rahmi Gündüz
10 Април 2017•Ажурирај: 11 Април 2017
ПАРИЗ (АА) - Министерот за надворешни работи на Франција, Жан Марк Еро, реагираше против предлозите на некои кандидати кои ќе се борат на претседателските избори, околу влегувањето во дијалог со Башар ал Асад во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Еро, кој зборуваше за радиостаницата „Франс интер“, се спротивстави на предлогот на кандидатите за претседател, Франсоа Филон, Марин Ле Пен и Жан-Лук Меланшон, за влегување во дијалог со Асад.
„Тие што даваат предлог за дијалог со Асад не се во право и не ја гледаат вистината“, рече Еро, истакнувајќи дека администрацијата на Дамаск е „кукавички режим“.
Тој истакна дека нема никаков сомнеж оти режимот на Дамаск користел хемиско оружје, и дека поради оваа причина ја поддржуваат последната одмазда на САД.
Еро нагласи дека вчера се сретнал со својот американски колега, Рекс Тилерсон. „На оваа средба посочив дека додека од една страна продолжуваат операциите кон ДЕАШ во Сирија, од друга страна паралелно треба да се продолжи со преговорите во врска со иднината на земјата“.
Министерот Еро додаде дека со поддршката на Русија ќе дадат поддршка за алтернативна администрација за режимот на Асад.
Поради својата позиција како претседател на Г7, Еро ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи на земјите од Г7, кој денес и утре ќе се одржи во италијанскиот град Лука.