Gökhan Kurtaran
10 Април 2017•Ажурирај: 11 Април 2017
ЛОНДОН (АА) - Пуштен е во употреба првиот товарен воз што ќе транспортира стока директно од Британија до Кина и обратно, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот товарен воз со 30 вагони, кој тргнува од англискиот град Есекс, се очекува за 17 дена да пристигне во провиницијата Џеџанг, во источниот дел на Кина, на оддалеченост од околу 12.000 километри од Англија.
- На 27 април се очекува возот да стигне во Џеџанг -
Товарниот воз којшто извозните производи од Англија ќе ги транспортира на кинескиот пазар, ќе помине низ Франција, Белгија, Германија, Полска, Белорусија, Русија и низ Казахстан, и на 27 април се очекува да стигне во Џеџанг.
Во првиот товарен воз воглавно се натоварени британски производи како виски, пиво, газирани пијалаци, додатоци во исхраната како и детски производи.
Султан Ахмед Бин Сулајем, висок менаџер на меѓународната компанија за транспорт ДП Ворлд, истакна дека транспортот на британските производи со воз ќе биде побрз во однос на транспортот со брод, а поевтин во однос на транспортот со авион.