Ekipa
10 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
ЛАЈОНС БЕЈ (AA) - Властите во канадската покраина Британска Колумбија соопштија дека се пронајдени телата на петмината планинари загинати во одрон на планината Харви северно од Ванкувер во саботата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Раководителот на локалната служба за потрага и спасување, Мартин Колвел, истакна дека планинарите се движеле по нестабилна подлога од снег и мраз, која се одронила, а тие паднале од гребенот чија висина се проценува на повеќе од 500 метри.
Четири тела се пронајдени во подножјето на планината, во саботата попладне, а телото на петтиот планинар неколку часа подоцна.
Колвел истакна дека акцијата за спасување беше започната во саботата, откако полицијата добила повик од двајца планинари, еден кој заостанал со останатите членови на планинарската група и друг кој се затекнал на тоа место.
Сите петмина планинари биле членови на редовната планинарска експедиција од подрачјето на Ванкувер.