Shpetim Hiseni
10 Април 2017•Ажурирај: 11 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во главниот град на Полска, Варшава, најмногу внимание привлекува една тесна куќа, која истовремено го носи епитетот најтесна куќа во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Најтесната куќа во светот, „Керет хаус“, изградена во просторот помеѓу две згради во Варшава, и е проектирана од страна на познатиот полски архитект, Јакуб Шчезне.
Најтесниот простор во куќата изнесува 92 сантиметри, а најширокиот 152 сантиметри. Куќата за којашто станува збор предизвикува голем интерес кај посетителите.