Handan Kazancı
11 Мај 2017•Ажурирај: 12 Мај 2017
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 8 лица загинаа, а 11 други се повредени во земјотресот што со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Кина, објавија државните медиуми, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Државната новинска агенција Синхуа соопшти дека земјотресот го погодил подрачјето на Такорган во ујгурскиот автономен регион Синкјанг, во северозападна Кина, на длабочина од 8 км.
Агенцијата објави дека подрачјето било погодено и од последователни потреси на тлото.