Hakan Çopur
11 Мај 2017•Ажурирај: 11 Мај 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се состанат на 16. мај во Вашингтон, потврдено е од Белата куќа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, во пишана изјава порача дека претседателот Трамп во вторник, на 16. мај, во Белата куќа ќе го пречека турскиот претседател Ердоган.
„Двајцата лидери ќе разговараат за тоа како да ги зајакнат билатералните односи и како да ја продлабочат нашата соработка во борбата против секој вид на тероризам“, пишува во изјавата на Спајсер.
Ердоган претходно најави дека по посетата на Кина, на 16. и 17. мај ќе престојува во САД.