Umur Koçak Semiz
11 Мај 2017•Ажурирај: 11 Мај 2017
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - За време на свадбена веселба во Индија се случи несреќа во којашто се урна ѕид во салата каде што се одржуваше прославата, и предизвика смрт на 24 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Н. К. Гупта, судија медијатор од подрачјето на Пхаратпур, кое се наоѓа во сојузната дежава Раџастан, за новинарите изјави дека на терасата каде што јаделе гостите на свадбата, одеднаш се појавила песочна бура. Гостите се обиделе да избегаат од ветерот и да влезат во салата за свадби, при што се урнал ѕидот долг 35 метри и висок 3,5 метри.
Под урнатиот ѕид животот го загубија 24 лица, додека 26 се повредени.
Анил Танк, официјален претставник на полицијата, соопшти дека меѓу повредените има лица кои се во тешка состојба, и изрази загриженост од можноста за зголемување на бројот на загинатите во несреќата.
Песочната бура предизвика оштетување на линиите за електрична енергија во подрачјето. Спасувачките екипи продолжуваат со работата за спасување на лицата што останаа под урнатините.