Zeynep Tüfekçi
11 Мај 2017•Ажурирај: 11 Мај 2017
АДЕН (АА) - Најмалку шестмина припадници на шиитското движење Хуси загинаа во воздушен напад на коалициските сили во јеменскиот град Лахиџ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од провладините Сили на народниот отпор (ХДГ), коалициските сили извршија воздушни напади врз позициите на Хусите во местото Катиба, недалеу од градот Лахиџ.
Убиени се најмалку шестмина милитанти на Хусите, а како резултат на нападите, уништени се и значајни количини оружје и муниција.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза којашто кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна, кога бунтовниците, предводени од шиитското движење на Хусите, го зазедоа главниот јеменски град Сана, а потоа и други подрачја.
Претседателот на Јемен, Абд Рабу Мансур Хади и неговата влада пребегаа во Саудиска Арабија, а јужниот град Аден во моментот претставува административен центар на меѓународно признатата јеменска Влада. Конфликтите во Јемен дополнително ескалираа во март минатата година, кога Саудиска Арабија со своите сојузници започна да извршува воздушни напади врз позициите на бунтовниците во Јемен.