Diyar Güldoğan
10 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
МОСКВА (АА) - Времетраењето на планираните преговори за Сирија во главниот град на Казахстан, Астана, е непредвидливо, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не е сигурно колку долго ќе траат разговорите. Подготовките се одвиваат доста интензивно“, рече Песков.
Преговорите за постигнување политичко решение на шестгодишната војна во Сирија треба да започнат во Астана, главниот град на Казахстан, помеѓу сириската влада и преговарачите од опозицијата на 23 јануари.
По минатомесечниот прекин на огнот во Сирија постигнат со посредство на Турција и Русија, состанокот во Астана доаѓа како дел од тековните напори на двете земји за изнаоѓање политичко решение за со војна зафатената Сирија.