Aslı Aral
10 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
ЛОНДОН (АА) – Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон на седницата на Долниот дом на парламентот одговараше на прашањата на пратениците во врска со надворешната политика, јавува Anadolu Agency (AA)
На прашањето на пратеникот од владејачката конзервативна партија, Џулијан Луис во врска со Турција, Џонсон рече: „Многу е важно да се разбере дека Турција и турската влада се жртви на еден брутален обид за државен удар во кој загинаа стотици луѓе. Погрешно е тоа што повеќе влади на државите – членки на ЕУ, наместо да видат што всушност се случува, ја осудија Турција, поради нејзината реакција кон овој обид за пуч. Турција е важна за нашата заедничка безбедност. Последно нешто што би требало да го направиме е да ја турнеме Турција в ќоше.“
- „Кон Иран треба да се пристапува претпазливо“ -
Џонсон рече дека владата на Израел е страстен поборник, но оти зголемувањето на илегалните населби на Западниот Брег не придонеле за мирот.
Едно од упатените прашања кон Џонсон беше во врска со снимките на кои израелски дипломат во Британија расправа за дискредитација на британските политичари меѓу кои се наоѓа и еден министер.
„Израелскиот амбасадор се извини поради ова. Наводниот израелски дипломат веќе не работи во амбасадата. Ова лице не знам на која функција е, но повеќе не работи. Оваа тема треба да ја прифатиме како затворена“, одговори Џонсон.
Според Џонсон, единствено Палестина и Израел можат да најдат решение за нивниот проблем. Тој алудирајќи на последниот напад во Ерусалим, во кој загинаа изралски војници, рече: „Се обидуваме да им доловиме на Палестинците дека нема надеж за мир се додека не ги контролираат екстремистите“.
На прашање во врска со активностите на Иран и неговите структури во Сирија, Џонсон рече дека по тоа прашање треба да се пристапува претпзливо.
- „Не е во ред Русија да се турне в ќош“ -
Џонсон истакна дека Путин никогаш не бил поддржувач на политиките во Сирија.
„Кога ќе ја погледнете кибер војната на Русија и сето она што го прави во Западен Балкан, ќе видите дека не прави така добри работи. Меѓутоа, важно е да сфатиме дека можеби постојат и сфери во кои можеме да соработуваме со Русија“, рече тој.
Џонсон тврди дека е потребно санкциите кон Русија да продолжат, но посочи оти другите европски држави не вршат притисок врз Русија, како што тоа го прави Британија.
„Знаеме дека Русија користи некои валкани трикови како кибер војна. Но, сметам дека нема да биде правилно да се турне Русија в ќош. Сметам дека треба да се спроведе двонасочна стратегија со тоа што ќе се воспостават односи, но истовремено ќе се гледа со резерва кон односите“, нагласи Џонсон.
Тој рече дека утрово се вратил од посета на САД и додаде оти имаат заедничко разбирање со новата влада на САД во врска со постојните проблеми. Според Џонсон приоритети за 2017 година се зголемување на напорите во врска со кризата на Средниот Исток, преговорите со САД во врска со Брегзит, како и градење на посилни односи со новата администрација на САД.