Ömer Aydın
11 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
ПАРИЗ (АА) - Во еден луксузен хотел на плоштадот „Vendome" кој се наоѓа во францускиот главен град, Париз, е извршена кражба на накит и скапоцени камења вредни околу 5 милиони евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми, откриени се деталите на кражбата ивршена во вчерашните вечерни часови во еден луксузен хотел на плоштадот „Vendome" кој е познат по продавниците со накит, а дел од украдените скапоцени камења и накит се запленети на местото на настанот.

Во веста на весникот „Le Parisien" се наведува дека тројца крадци со ножеви и секири влегле во хотелот, каде ги скршиле рафтовите каде се наоѓале скапоцените камења и накитот, и се обиделе да ибегаат од местото на настанот ставајќи го украдениот накит во ташни.
Но, крадците се заглавиле внатре во хотелот откако излезните врти автоматски биле затворени, додека ташните фрлејќи ги преку прозорец им ги доставиле на две лица кои чекале надвор од хотелот.
Едниот од крадците кои чекале надвор, се оддалечил од местото на настанот со возило, а другиот со мотцикл. Една ташна со украдениот накит кој го носел крадецот кој избегал мотоцикл, паднал на улица.
Тројцата крадци се фатени на лице место, и е запленет украдениот накит.
Полицијата потрага по двајцата крадци кои се во бегство со дел од украдените скапоцени камења и накит.