Emin Avundukluoğlu
11 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Дискусијата за испорачување на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, ќе продолжи интензивно во претстојните недели и месеци, изјави вршителот на должноста во американската амбасада во Анкара, Филип Коснет, јавува Anadolu Agency (AA).
Одговарајќи на прашањата на новинарите на АА во Парламентот во Анкара, Коснет изјави дека САД и Турција потпишале договор за испорачување, според кој се раководи со процесот за испорачување.
„Министерството за правда на САД и турското Министерство за правда имаат блиска соработка со цел да се осигураме дека американската страна ги добие сите потребни информации со цел спроведување ова прашање“, вели Коснет.
„Ова е тековна дискусија која ќе ја продолжиме поинтензивно во престојните недели и месеци“, додаде тој.
Терористичката оргнанизација ФЕТО, на чело со Фетула Ѓулен, стои зад обидот за соборување на демократски избраната власт во Турција, на 15 јули 2016 година, при што загинаа 250, а беа повредени околу 2.200 лица.
Терористичката организација ФЕТО во 1970-те години почна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, така што во 1980-те години значително ги зајакна своите паралелни пирамиди во овие институции и во јули 2016 година изврши неуспешен обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт на Турција.