Ömer Tuğrul Çam
09 Септември 2020•Ажурирај: 10 Септември 2020
БРИСЕЛ
Катедрата „Фетула Ѓулен“ на Католичкиот универзитет во Лувен, Белгија, именувана по лидерот на терористичката организација, ќе биде затворена поради намалениот интерес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претставници на Универзитетот истакнаа дека претходниот договор за катедрата, кој е воспоставен пред 10 години за „меѓукултурни студии“, ќе заврши на 30 септември и донесена е одлука да не се обнови договорот.
Се забележува дека Универзитетот во Лувен за одлуката ја информирал и Платформата за меѓукултурен дијалог која ја финансира катедрата. Платформата која е во сопственост на терористичката организација ФЕТО, ја поддржуваше катедрата плаќајќи 90.000 евра годишно.
Во изјавата од Универзитетот се наведува дека интересот и учеството на настаните организирани од страна на катедрата се многу мали и тоа е причината за нејзино затворање.
Универзитетот, одбивајќи ги тврдењата на белгиските медиуми дека катедрата е затворена поради притисокот од Турција, нагласи: „Нема политички притисок и Универзитетот нема да потклекне на таков вид притисок.“
Во соопштението исто така се додава: „Причината за одлуката да не се продолжи договорот за катедрата на Католичкиот универзитет во Лувен е тоа што интересот нагло опадна по 10 години. Оваа состојба се рефлектира и во активностите организирани од катедрата. Универзитетот одлучи да не склучи нов договор под овие услови.“
Се наведува дека поранешниот претседател на катедрата, Емануел Жерард, заминал во пензија и дека никој не сака да ја преземе таа функција.
Исто така се додава дека активностите на катедрата во последните години се намалени и дека таа не привлекува внимание.