Hasan Esen
09 Септември 2020•Ажурирај: 10 Септември 2020
ЛОНДОН
Амбасадорот на Турција во Лондон, Умит Јалчин, истакнувајќи дека Грција бега од дијалог за Источен Медитеран, рече дека Турција ги поддржува иницијативите за дијалог и дека е подготвена за искрени разговори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Јалчин напиша писмо како одговор на колумната објавена во весникот „Гардијан“ на 6 септември, во која се тврди дека Конвенцијата на ОН за морските права ја поддржува и Грција и статус кво состојбата.
Амбасадорот Јалчин во писмото објавено денеска во весникот „Гардијан“, наведувајќи дека тврдењата објавени во весникот не се точни „Бидејќи истиот договор се однесува и на принципот на еднаквост.“
Истакнувајќи дека Турција од 2003 година ги кани заинтересираните страни на преговори за разграничување на економската зона засновани врз меѓународното право и принципот на еднаквост, Јалчин рече дека Грција никогаш не сакала да започне искрен дијалог.
Јалчин наведе дека последниот обид на Германија за рестартирање на преговорите е двапати саботиран од страна на Грција, потсетувајќи дека Атина најпрвин потпишала договор со Египет, а потоа одбила да се сретне со Турција.
Посочувајќи дека последните напори на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за воспоставување на технички преговори, повторно биле одбиени од страна на Грција, Јалчин нагласи: „Турција ги поддржа овие иницијативи и е подготвена за искрени разговори.“