Турција

Акција во 23 турски градови: Приведен 41 припадник на ФЕТО инфилтриран во Војската

Од Обвинителството се наведува дека се работи за лица за кои е утврдено дека преку шифрирани телефони имале комуникација со високи припадници на терористичката организација ФЕТО

Muhammed Enes Can, Aleyna Sevim  | 28.07.2020 - Обновена : 29.07.2020
Акција во 23 турски градови: Приведен 41 припадник на ФЕТО инфилтриран во Војската

ИСТАНБУЛ (АА) - По налог на Обвинителството во Истанбул приведени се најмалку 41 лице, од вкупно 68 за колку што се издадени налози за приведување, во скоро 23 турски градови. Станува збор за осомничени во рамки на истрагата за инфилтрираните елементи на терористичката организација ФЕТО во Вооружените сили на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од Обвинителството се наведува дека се работи за лица за кои е утврдено дека преку шифрирани телефони имале комуникација со високи припадници на терористичката организација ФЕТО.

Обвинителството по истрагата издаде налог за приведување на најмалку 68 лица, меѓу кои и пензиониран полковник на турската Војска, шест активни војници и 59 поранешни студенти на Воената академија.

Во утринските акции што беа спроведени во најмалку 23 турски градови, приведени се 41 лице.

Полицијата продолжува со потрагата по останатите 27 осомничени.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за државен удар во Турција во ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој престојува во Соединетите Американски Држави (САД), а чие испорачување Турција официјално го побара од САД.

Припадниците на таа терористичка организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и крвавиот неуспешен обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч, кој го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската Војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın