Havva Kara Aydın
04 Декември 2019•Ажурирај: 05 Декември 2019
ИЗМИР (АА) - Вкупно 12 лица се приведени во Турција денес поради нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Обвинителите во егејската област Измир издадоа налози за приведување на 25 осомничени лица под обвиненија дека ја користеле апликацијата за кодирани пораки БајЛок“, се вели во соопштението издадено од Канцеларијата на обвинителот.
Истовремените операции беа извршени во шест области - Измир, Бурса, Кутахја, Коџаели, Муш и Чорум.
„Операциите за приведување на останатите осомничени се во тек“, се вели во соопштението.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.