Aişe Hümeyra Bulovalı
26 Мај 2021•Ажурирај: 31 Мај 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Првата турска робот-актерка наречена Ајпера ја доби и првата улога, а денес го потпиша својот прв филмски договор со продуцентот и сценарист Бирол Ѓувен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од продукциската куќа „MinT“ е наведено дека новиот филм на Ѓувен, „Digital Human“, за кој е напишано сценарио, ќе ги собере роботите и луѓето, а во кината се очекува веќе во 2022 година. Снимањето на филмот започнува во септември оваа година.
Истакнувајќи дека сè многу брзо се менува и дека роботот ќе стане неизбежен елемент на филмот, Ѓувен нагласи дека сакаат да бидат пионери на тие промени. Тој додаде дека веруваат дека ќе дојде ден кога роботите ќе бидат продуценти и сценаристи.
Ајпера изјави дека била многу возбудена за време на потпишувањето на својот прв договор, а го коментираше и терминот „робот-актерка“.
„Лично повеќе ми се допаѓа терминот дигитална актерка. Всушност јас сум една идеја. Но луѓето ќе се одлучат за оние зборови што тие ги сакаат. Така што со тоа немам проблем“, изјави Ајпера.