Zehra Nur Düz
26 Мај 2021•Ажурирај: 27 Мај 2021
НИГДЕ/КОЏАЕЛИ (АА) - Турските безбедносни сили приведоа уште 22 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Безбедносни извори кои сакаа да останат анонимни соопштија дека шестмина од осомничените биле фатени во северозападната турска област Коџаели, како дел од истрагата за инфилтрирањето на ФЕТО во Турските вооружени сили.
„Останатите 16 осомничени - меѓу кои и активен воен персонал, отпуштени и пензионирани војници - се приведени во истовремени операции низ седум области откако обвинителите во централната област Нигде издадоа потерници за нив“, соопштија други извори.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.